ГЕИНГ Кребс унд Кифер Интернешнл и други ДОО (ГЕИНГ) – Оглас за работна позиција: Одговорен инженер за испитувања на градежни материјали
Оглас за работна позиција: Одговорен инженер за испитувања на градежни материјали
Минимум потребни квалификации:
- ВСС/ Градежен факултет, насока Геотехника, Конструктивна, Патишта и железници
- Работно искуство во вршење на опити и извештаи за испитување на градежни материјали
- Познавање на компјутерски алатки: MС Office и AutoCad
- Солидно познавање на англиски јазик
- Поседување на Б возачка дозвола
Дополнителни квалификации/вештини/познавања
- Организира, координира, следи и контролира реализација на лабораториски и теренски испитувања.
- Изработува извештаи од испитувања со потребната документација согласно интегрираниот менаџмент систем, позитивна законска регулатива и важечки стандарди во делокругот на своите работни активности.
- Проучува и имплементира стандарди за лабораториските испитувања, приготвува упатства, обрасци и друга неопходна документација.
- Оддржува и врши евиденција на лабораториска опрема и води сметка за калибрација на истата.
Други вештини и карактеристики:
Познавање на технички услови и стандарди кои се однесуваат на квалитетот на градежните материјали и нивното испитување.
Одлични интерпесонални, комуникациски и аналитички способности, организираност и систематичност во работата, познавање на позитивните правни прописи во РМ.
Вашата биографија, мотивационо писмо, со задолжително наведување на работната позиција за кој се пријавувате, телефонски контакт и адреса на електронска пошта, можете да ги доставите:
- По електронска пошта на e-mail : kariera@geing.com.mk
- По пошта на адреса: ул. Борис Трајковски бр. 111 Скопје до 31.08.2019
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг на избор и кои ги исполнуваат бараните услови, ќе бидат повикани на разговор.