Градежните конструктори од Стенфорд велат: Доста е од безгредови конструкции

Градежните конструктори од Стенфорд велат: Доста е од безгредови конструкции

Ова се должи по сознанието дека голем број срушени згради при неодамнешниот земјотрес во Мексико биле изведени со ваков конструктивен систем.

Освен согласно научните принципи, инженерите ја извршуваат својата работа според прописи и правилници. Со откритијата во инженерството и развојот на различни технологии, овие прописи и правилници еволуираат со тек на времето и го менуваат начинот како се спроведуваат системите и методите.

Исто како што градежните инженери ги користат методите за градење. Некои од овие методи веќе се вон употреба затоа што се докажало дека биле причина за катастрофи. Обесхрабрувачки делува фактот дека било потребно да се изгубат стотици животи за да се дојде до точка кога требало начинот на градење да биде оставен во далечните 80ти години од минатиот век. Екипа од градежни конструктори при универзитетот Стенфорд повикале воведување забрана за конструктивниот систем наречен безгредова конструкција, во која што меѓукатните конструкции се потпираат само на столбови. Тоа се должи по сознанијата дека овој конструктивен систем бил искористен во 61% од срушените згради поради земјотресот со магнитуда од Mw 7.1 што се случил на 19. септември 2017 година во Мексико Сити. Во земјотресот што траел околу 20 секунди со епицентар околу 55 km јужно од градот Пуебла, вкупно загинале 370 луѓе, од кои 228 во Мексико Сити, а голем дел биле повредени и останале без своите домови. Во земјотресот биле срушени повеќе од 40 згради.

statija3_1

Мексико Сити по земјотресот во септември 2017 год. Фотографија од АР преку Wired

Едуардо Миранда, професор по градежништво и еколошко инженерство при Стенфорд и светски експерт за проектирање сеизмички отпорни конструкции е разочаран. Тој вели дека овој конструктивен систем требало да биде забранет или прописите за градење требало да бидат поригорозни по земјотресот со магнитуда Mw 8.1 што го погодил главниот град на Мексико во 1985 година.

statija3_2

Земјотресот со магнитуда 8.1 во Мексико Сити од 1985 год. одземал преку 10.000 животи. Фотографија преку Wikimedia.

„Веќе 30 години знаевме дека овој конструктивен систем убива голем број луѓе, па зошто сеуште го користиме?“, се запрашува Миранда. „Вистинската одлука по 1985 год. требаше да биде комплетна забрана на овој конструктивен систем. Можевме да спасиме човечки животи“, додава тој.

 

Заложбите на академскиот кадар, градежните јавни служби и инженерите за подобрување на асеизмичките прописи во Мексико по земјотресот од 1985 година биле спроведувани. Но, кон забраната на безгредовиот систем се спротивставиле голем број архитекти и градители. „Имаше голем број градители и сопственици кои немаше да бидат среќни ако само ја стопиравте нивната градба“, вели Миранда, кој подоцна учествувал во комитетот за прописи на Мексико во 90тите години. „Овие работи започнуваат како технички разговори, но потоа се судирате со ставови и политика“. Се додека партиите не го решат проблемот. Безгредовата конструкција е дозволена доколку овозможува дека конструкцијата во целост е сеизмички поотпорна од рамковниот конструктивен систем или системот со бетонски ѕидови.

Миранда вели дека надлежните органи не посветиле доволно внимание во проценка дали постојните конструкции со безгредовен систем имаат потреба од сеизмички ретрофит, односно подобрување на нивната сеизмичка носивост со комбинација на мерки за санација, зајакнување, ремоделирање и конзервација. Меѓутоа, новите прописи обезбедиле можност изведувачите да најмат приватни инженери кои што ја поднесувале проектната документација до надлежните служби. А за жал, во овој процес постои голем простор за корупција. „Корупцијата може да се најде во различни форми, од моментот кога некој ќе прифати мито до моментот кога некој фалсификува документи или нема да ја поднесе вистинската документација за конструкцијата до општинските власти“ вели Ренато Берон, раководител на Институтот за безбедност при градење во Мексико сити. Тоа предизвикало градење згради со слаба сеизмичка носивост, а следствено на тоа трагични рушења во земјотресот.

statija3_4

Фотографија на Independent UK

 

Роберто Мели, прочуениот градежен конструктор кој учествувал во одборот за донесување прописи во 1985 година, се вклучува. „Ќе беше подобро повеќе да инсистиравме да не се користи безгредовиот систем“, вели Мели. Тој додава дека заедно со одборот прво ќе бараат начин за подобрување на стандардите, а најрано во 2018 година ќе ја преиспитаат примената на безгредовите конструкции, иако не е докрај убеден дека апсолутната забрана на овој метод би можела да се случи.

 

Безгредовиот конструктивен систем денес е забранет во сеизмичките жаришта во Соединетите Американски Држави, Чиле и Нов Зеланд. Да се надеваме дека набрзо со уверување ќе следи Мексико.