Донација на репарирани персонални компјутери, монитори и периферна опрема на Градежниот факултет во Скопје
На ден 20.11.2019 година во просториите на Градежниот факултет во Скопје, на 6 (шест) студенти им беа доделени донирани репарирани персонални компјутери, монитори и периферна опрема.
Донацијата беше овозможена од Борче Стаменов и компанијата Netcetera. Градежниот факултет се вклучи со донација на монитори.
Изразуваме голема благодарност до донаторите.
Доколку постои интерес, акцијата за донации би можела да продолжи во иднина.
Деканатот и вработените на Градежниот факултет на студентите им посакува успех и брзо завршување на студентските обврски.