Патиштата се подобри кога се изградени од згура, резултати на нови истражувања

Патиштата се подобри кога се изградени од згура, резултати на нови истражувања

Покрај поевтинување на производството, материјалот овозможува подобар квалитет на патиштата.

Згурата, или каменестата материја што обично се состои од мешавини на силикат со калциум, фосфор и сулфур, се смета за отпад или остаток од процесот на одвојување на металот од неговата сирова руда. Сепак, сега откако научниците пронашле начин како да се искористи овој материјал во градењето патишта, тој не претставува само отпаден материјал.

 

Истражувачите од Центарот за енергетска ефикасност при Националниот Универзитет за наука и технологија (НИТУ МИСиС) во Москва, Русија развиле енергетски ефикасна технологија со која што се од згурата се произведува широк спектар на додатоци за постелка, поточно цементи без клинкер. Овој материјал се произведува без потреба од висока температура за процесот на калцинација, само со дробење и мешање заедно со додатоци. Со оваа технологија се добиваат цементи без клинкер со јакост споредлива со онаа на Портланд цементот до тип М600. Исто така, материјалот овозможува помазна крива на дијаграмот напрегање-дилатација и поголема отпорност на сулфати, што претставува предност при стабилизација на почви и зајакнување.

statija2_2

Фотографија од Healthy Lakes.org

„Со новите кохезивни материјали за стабилизација на постелката, можно е да се произведе цемент со мешање на локални почвени материјали, вода и само 4-6 % додатоци директно на градилиштето“, вели Станислав Мамулат, раководител на Центарот за развој на здруженија при НИТУ. „На овој начин новиот метод се разликува од традиционалниот, за кој потребно е постелката да биде прочистена од песок и чакал, а се испорачува директно на градилиштето или во фабрика за бетон каде што се меша заедно со околу 100 kg цемент за 1 m3 бетон. Ова значи дека изведбата на коловозната конструкција може да чини 33-50% помалку“, додава Мамулат.

 

Лабораторијата каде што работи Мамулат има претходно работено со различни минерални врзивни средства како пепел, згура, отпадна вода, фосфогипс и друг отпаден материјал од индустријата. Нивниот неодамнешен пронајдок со кој што се произведува цемент без клинкер, има за цел да ја поевтини изведбата на патиштата, да го подобри квалитетот на коловозот и да го намали загадувањето на животната средина. „Индустрискиот отпад што го испитуваме и што како најсоодветен го одбравме за примена во подобрување на постелката е оној што најчесто се добива од нашата економија,“ вели Мамулат. „Компаниите што работат во областите на енергетиката, металургијата и хемијата секоја година произведуваат стотици милиони тони отпад. Со примената на овој отпад за зајакнување на постелката, можеме да ја намалиме цената на чинење на регионалните и магистралните патишта и да ја зголемиме нивната трајност, истовремено решавајќи бројни еколошки проблеми“, додава Мамулат.