Посетат на лабораторијата по бетонски и челични конструкции – Градежен Факултет
По завршување на предавањата по предметот Армиран Бетон за тековниот семестар, студентите имаа прилика да ја посетат лабораторијата по бетонски и челични конструкции која се наоѓа на Градежен Факултет.
Студентите имаа можност да се запознаат со тековните истражувања кои се одвиваат во рамките на факултетот и да го утврдат нивното знаење по предметот.
Лабораторијата располага со мерни системи и помошна опрема за мерење на конструкции со најсовремени системи за обработка на податоците.
Голема благодарност до Проф. д-р. Марковски Горан за професионалниот пристап кон студентите и допирот кон науката кој ни ги доближи убавините на нашата идна професија.