Програма за пракса на Германското Стопанство за земјите од Западен Балкан

Почитувани студенти,
Internship Programme of German Business for the Countries of the Western Balkans односно „Програмата за пракса на Германското Стопанство за земјите од Западен Балкан“ (www.stipendienprogramm.org) ги охрабрува студентите и младите дипломци да се стекнат со нивното прво работно искуство во водечки германски компании во Германија.
Низ последните 20 години, имаме поддржано над 1000 студенти и млади дипломци од целиот регион на овој пат. Секој од нив помина од три до шест месеци во Германија, каде имаа можност да го прошират нивното знаење од факултет и да го применат во пракса. По враќањето во нивните држави, секој од нив најде квалификувана работа многу полесно. Обично е потребно максимум од три месеци за да нашите алумни ја добијат посакуваната работа. Дополнително, нашите стипендисти се организирани во регионална алумни мрежа, преку која остануваат во контакт и се континуирано дел од обуки според потребите на локалниот пазар на труд. Нас посебно нè прави среќни тоа што со нашата Програма за пракса на германското стопанство придонесуваме за да се спречи одливот на мозоци во С. Македонија. Ние ја нудиме можноста за дополнителна доедукација во Германија за напредок на кариерата при враќањето назад во сопствената држава.
Оваа генерација на стипендисти ќе ја започнат нивната пракса во Германија на 1ви Јули 2024. Повикот за апликации за новата генерација ќе биде отворен од 1ви Октомври 2023 до 15ти Ноември 2023.
Апликантите може да се информираат за бенефитите од нашата Програма и постапката за апликација на нашата веб страна: www.stipendienprogramm.org

Програмата за пракса, за студентите од С. Македонија, ќе биде презентирана во онлајн информативни сесии во следниве термини:

• 17 октомври во 19 ч

Meeting ID: 824 5401 3716
• 24 октомври во 19 ч
Meeting ID: 835 4319 2093
• 26 октомври во 16 ч
Meeting ID: 835 9829 0201
• 2 ноември во 16 ч

Meeting ID: 879 1936 1897

Дополнителни информации за програмата за пракса, условите и начинот на пријавување може да се погледнат во следниве документи:
2024 Internship Programme Infographic Region2024 QR codes Region