Градежен факултет-Скопје, како единствена високообразовна установа со настава на 1, 2 и 3 циклус на студии од областа на градежништвото, геодезијата и геотехниката во нашата држава, има обврска да образува високостручен кадар кој со своите вештини и компетенции ќе биде способен да одговори на задачите и на развојните текови во струката. Исполнувањето на оваа обврска, меѓудругото, бара и соработка со градежните фирми и институциите на системот. Градежниот факултет секогаш бил и ќе остане отворен за соработка, отворен за сите позитивни идеи и развојни планови кои можат да придонесат во квалитетот на студиите, стручното обликување и насочување на идните дипломирани инженери.

Фондацијата за стипендирање студенти е една од формите и можностите за меѓусебна соработка со градежните фирми и институти во остварувањето на заедничките цели.

Фондацијата е основана со Одлука донесена на 309 седница на ННС на Градежниот факултет од 20.05.2004 година. Како основни цели и задачи на Фондацијата се:

 

– овозможување на подобри услови за студентите на Градежниот факултет,

– стипендиите да бидат дополнителен мотив за поуспешно студирање и обезбедување на квалитетен стручен кадар способен да одговори на предизвиците на современото градежништво,

– фондацијата да претставува форум преку кој фирмите од градежната индустрија ќе можат да ги изнесат своите видувања за образувањето на новите кадри согласно на нивните актуелни потреби.

 

Во недостиг на градежни фирми и институти, со цел најдобрите студенти да останат мотивирани, Градежен факултет-Скопје доделува стипендии од сопствени средства. Свеченото доделување на стипендиите секоја година се врши на 6 октомври, Денот на Градежен факултет.

 

Стипендии на прв циклус на студии

 

Стипендирањето на новозапишаните студенти во прва година се врши согласно поените остварени при упис на Градежен факултет. Првите 10 рангирани со најголем број поени при упис на Градежен факултет, независно на која студиската програма, добиваат стипендии од Универзитет „Св. Кирил и Методиј“. Студентите рангирани од 11 до 20 место при упис на Градежен факултет, независно на која студиската програма, добиваат стипендии од Фондацијата за стипендирање студенти на Градежен факултет.

 

Од учебната 2018/19 година, Друштвото за геотехника доделува 5 стипендии на најдоброрангираните кандидати при упис на прв циклус на студиската програма Геотехничко инженерство.

 

Стипендирањето во втора и трета година се врши на најмногу 10 студенти од секоја година, и тоа на студентите кои оствариле просек од најмалку 9.00 и ги положиле сите предмети заклучно со сесијата август/септември.

 

Стипендии на втор циклус на студии

 

Стипендирањето на новозапишаните студенти на втор циклус на студии се врши според претходно остварениот успех на прв циклус на студии, при што се стипендираат најмногу 5 студенти кои во континуитет ја задржале стипендијата (или правото на стипендијата) на прв циклус на студии и оствариле просек од најмалку 9.00.
Стипендирањето во втора година се врши на студентите кои оствариле просек од најмалку 9.00 и ги положиле сите предмети заклучно со сесијата август/септември.
Стипендиите во секоја учебна година на прв и втор циклус на студии се однесуваат на студентите од тековната генерација, а дополнителен услов е и да се невработени.

Стипендисти на прв и втор циклус во академската 2018/2019

Стипендисти на прв и втор циклус во академската 2017/2018

Одлука за избор на добитници на стипендии запишани на втора и трета година на прв циклус студии во учебната 2022/2023 година

Одлука за избор на добитници на стипендии запишани на прва и втора година на втор циклус студии во учебната 2022/2023 година

ОДЛУКА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈАТА „ПРОФ. Д-РВАСИЛВИТАНОВ “

Одлука стипендидти на прв циклус (втора и трета год) 23-24

Одлука стипендисти на втор циклус 23-24.

ОДЛУКА За доделување НА СТИПЕНДИЈАта „Проф. д-р Васил витанов“