Студентскиот парламент на Универзитетот Св. “Кирил и Методиј”- СПУКМ е здружение на граѓани од автономен, невладин и непартиски карактер формирано за слободно здружување на студентите независно од нивната национална, верска и полова припадност и нивните политички убедувања. Работата на Студентскиот парламент при Универзитетот Св. “Кирил и Методиј” е јавна. Јавноста во работењето се обезбедува со редовно известување на членовите на Студентскиот парламент на Универзитетот за сите облици на работење, со увид во спроведувањето на програмските задачи, со поднесување на извештај за работата на органите и телата на Студентскиот парламент на универзитетот, и за материјалното финансиско работење.
Краток историјат: Основано е далечната 1949 година како Сојуз на студенти при Универзитеот во Скопје. За време на своето постоење организацијата го менуваше своето име неколку пати за да во 1991 година, кога Македонија стана независна држава, стане Сојуз на студенти при Универзитеот Св.”Кирил и Методиј”- Скопје (ССУКМ). Во 2008 година Сојузот на студенти се преименува во Студентски парламент (СПУКМ) со цел да се постигне демократско слободно повеќебројно активно учество на студенти кои ќе можат своите права, идеи, интереси и замисли да си остваруваат преку ваквата невладина организација. Со преименувањето од ССУКМ во СПУКМ не се прави само промена на називот на организацијата туку се менува комплетно како статутарно така и практично концептот на работа. Членови на СПУКМ се сите редовни и вонредни студенти запишано прв, втор и трет студии на универзитетот.
Цели и задачи:
- Претставување на студентите пред сите институции во локални, национални и интернационални рамки;
- Заштита и остварување на студентските права во сите сфери;
- Оставрување на правата на студентите во однос на прашањата и проблемите сврзани со системот на високото образование како целина;
- Унапредување на погледите на студентите по прашања и проблемите кои се однесуваат на високото образование и нивниот страндард;
- Развивање и задоволување на културните потреби на студентите, спортско-рекреативните дејности, научно-техничкото творештво, здравствени. хуманитарни и други активности;
- Воспоставување и развивање на соработката со студентите и студентските организации од другите земји;
- Афирмација на Универзитетот во државата и пошироко;
- Разгледување, оценување и завземање став во однос на актуелни прашања кои се од интерес на студентите;
Органи на СПУКМ: СПУКМ учествува во органите на управување на Универзитетот и тоа 10 претставници во Универзитетскиот сенат и по еден член во комисиите на Универзитетот. Претседателот на СПУКМ е член на ректорска управа на УКИМ. Исто така имаме свој претставник во Универзитетскиот совет на УКИМ. Студентскиот парламент е во постојана соработка со државните институции во настојувањата за студентската информираност, студентската партиципативност и учество во процесот на одлучување.
- Студентскиот парламент го сочинуваат пратеници на Студентските парламенти на секоја високообразовна институција, членка на УКИМ, каде што постои парламент. Бројот на студенти од секој факултет се утврдува пропорционално на вкупниот број на студенти запишани на секој факултет одделно;
- Претседателството на Студентскиот парламент на Универзитетот Св.”Кирил и Методиј” е извршен орган во кој секој член има еднакви права, обврски и одговорности за работењето и развојот на Студентскиот парламент во согласност со Статутот. Од редот на членовите на Претседателството се избираат заменици на претседателот;
- Претседателот на Студентскиот парламент на Универзитетот го претставува и застапува Студентскиот парламент. Претседателот на Студентскиот парламент ги свикува и заседава со седниците на Студентскиот парламент на Универзитетот и седниците на Претседателството;
- Комисиите на Студентскиот парламент се формираат со задача да информираат, проучуваат и да ги припремаат ставовите на Студентскиот парламент на Универзитетот, да спроведуваат активности, проекти кампањи, да го зголемат учеството на студентите во СПУКМ.Повеќе информации ќе добиете на веб страната на студентскиот парламент.
Претставници на студентите во органите на факултетот
Студентите со свои претставници избрани од страна на Студентскиот парламент на факултетот, учествуваат во работата на Наставно-научниот совет и Деканатска управа.
Согласно член 38 и член 43, став 1, алинеја 41 и член 61, став 2 од Правилникот за внатрешните односи и работењето на Градежен факултет-Скопје, во состав на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Наставно-научниот совет на Градежен факултет-Скопје на својата 456. седница одржана на 01.11.2017 година, донесе одлука за потврдување на избор на претставници на студентите избрани од страна на Студентскиот парламент на факултетот, и тоа:
Претставници во Наставно-научен совет:
– Никола Јовчески, претставник од студиската програма Градежништво, модул конструкции, nikola.jovceski@yahoo.com
– Антонио Георгиевски, претставник од студиската програма Градежништво, модул хидротехника, anthony_tonka@hotmail.com
– Раде Цековски, претставник од студиската програма Градежништво, модул патишта и железници, cekovskirade@yahoo.com
– Марјан Здравковски, претставник од студиската програма Геодезија, bozdravkovski@gmail.com
– Магдалена Тасевска, претставник од студиската програма Геотехника, m.tasevska123@gmail.com
Претставник во Деканатска управа:
– Славчо Мицевски, slavcomicevski@yahoo.com
Мандатот на претставниците на студентите е во период до конституирање на новиот Студентски парламент.