Заверка на летен семестар и запишување на зимски семестар 2018-2019 за прв и втор циклус на студии
ЗАВЕРКА НА ЛЕТЕН И ЗАПИШУВАЊЕ НА ЗИМСКИ СЕМЕСТАР ЗА I ЦИКЛУС НА СТУДИИ ВО 2018/2019
Се известуваат студентите на Градежниот факултет во Скопје од сите студиски програми на прв и втор циклус на студии, дека запишувањето на ЗИМСКИ семестар во учебната 2018/19 година се врши од 15 до 25.9.2018 на IKNOW системот, а заверката на ЛЕТЕН семестар и запишувањето на ЗИМСКИ семестар во учебната 2018/19 година на шалтерите на СТУДЕНТСКАТА СЛУЖБА од 25.9.2018 до 29.9.2018 од 11,00 до 14,00 часот и тоа по следниот распоред: На 26. септември – третти семестар за градежништво и геодезија
► Индекс со потписи од предметните професори (за неземен потпис, предметот се смета за незаверен, и студентот треба да го преслушува во следниот летен семестар); ► Пополнет статистички лист ШВ-20, ► Уплатени 1.550 ден. за материјални тршоци за образовен процес, надомест за солидарна одговорност и лабораториски вежби; линк до уплатите ► Уплатени 100 ден. за осигурување на редовни студенти за период 01.10.2018 – 30.09.2019 г ► Уплатени 310 ден. за потврда за редовен студент во зимски семестар 2018/2019, АКО НА СТУДЕНТОТ МУ Е ПОТРЕБНА; ► Потврда за уплатена партиципација од 6.200 ден. за семестар за студентите во државна квота ► Потврда за уплатена партиципација од 12.400 ден. за семестар за студентите запишани со кофинасирање:
УПЛАТИТЕ СЕ ВРШАТ НА ОБРАЗЕЦ ПП-50
► Потврда за уплатени 750 ден. за ИКСА на УКИМ УПЛАТАТА СЕ ВРШИ НА ОБРАЗЕЦ ПП-50 / од скриптара/
СТУДЕНТИТЕ КОИ ШТО ЗАВЕРУВААТ СЕМЕСТАР ПОТРЕБНО Е ДА ДОСТАВАТ И ИСПЕЧАТЕН БАРКОД ОД УСПЕШНО ПОПОЛНЕТА АНКЕТА. Линк до анкетата
Студентите на Градежниот факултет плаќаат партиципација според бројот на запишани кредити во семестарот. државна квота – партиципација: 6.200 ден. ►Уплатена казна за презапишување на предмет (по втор и повеќе пати) за студенти во државна квота и во квота со кофинансирање од 620 ден. од предмет; ►Студентите кои изработуваат дипломска работа не запишуваат семестар ако ја имаат одбрането заклучно со 28 септември 2018 година, но потребно е да донесат образец за заверка на летниот семестар 2017/18 година. ►Студентите кои нема да одбранат дипломска до овој датум, треба да го запишат семестарот само со кредитите од дипломската и обрасци за запишување/заверување на семестар.
Наставата почнува на 01.10.2018 година според распоредот на часови истакнат на WEB страната на ГФ.
|
||||
ЗАВЕРКА НА ЛЕТЕН И ЗАПИШУВАЊЕ НА ЗИМСКИ СЕМЕСТАР ЗА II ЦИКЛУС НА СТУДИИ ВО 2018/2019
Се известуваат студентите на Градежниот факултет во Скопје од сите студиски програми на прв и втор циклус на студии, дека запишувањето на ЗИМСКИ семестар во учебната 2018/19 година се врши од 15 до 25.9.2018 на IKNOW системот, а заверката на ЛЕТЕН семестар и запишувањето на ЗИМСКИ семестар во учебната 2018/19 година на шалтерите на СТУДЕНТСКАТА СЛУЖБА од 25.9.2018 до 29.9.2018 од 11,00 до 14,00 часот и тоа по следниот распоред:
На 28. септември – II циклус на студии /сите студиски програми/
► Индекс со потписи од предметните професори (за неземен потпис, предметот се смета за незаверен, и студентот треба да го преслушува во следниот летен семестар); ►Потврда за уплатена партиципација од 30.750 / 24.600 ►За повторно запишан/заменет предмет на II циклус, студентот плаќа износ во висина од 6150/4920 (според студиската програма) , во денарска противвредност според средниот курс на Народна банка на Република Македонија, на денот на плаќањето. ►Студентите кои ги положиле сите испити имаат обврска до магистрирањето да го запишуваат секој семестар со административна уплата од 15 евра во денарска противвредност. ►Студентите кои ги положиле испитите според Наставната програма за втор циклус на студии пред да поднесат пријава за магистерска работа, од студентската служба задолжително подигнуваат извод за положени испити со уплата од 10€ во денарска противвредност според тековниот курс на Народната банка на РМ на жиро сметка на Градежен факултет 1000000000 630 95, сметка на буџетски корисник 1600104219 788 15, приходно конто 723019 програма 41.
|
|||
Наставата почнува на 01.10.2018 година според распоредот на часови истакнат на WEB страната на ГФ. |