Школа за претприемништво „Од идеја до стартап“

Почитувани,

Младински образовен форум (МОФ) во соработка со Институт за европска политика (ЕПИ) отвора повик за учесници на Школа за претприемништво „Од идеја до стартап“, во склоп на  проектот „Ангажирање на приватниот сектор во образование за претприемништво“ (Engaging the Private Sector in Entrepreneurship Education). Програмата ќе се спроведува во Скопје, во периодот од февруари до мај 2019.

За време на програмата ќе се изучуваат следниве теми:

  1. Што е претприемништво?
  2. Мотивација, Лидерство и Тимска работа
  3. Приказна, Презентација и Прототип
  4. Традиционален и онлајн маркетинг
  5. Водење бизнис

Школата ќе се реализира два пати неделно во попладневните часови и ќе содржи активности, како што се разговори со успешни претприемачи, симулации, студии на случај, практична работа и дополнителни отворени предавања. Едукативната програма ќе започне со дводневен – викенд интензивен тренинг.

Сите заинтересирани можат да се пријават најдоцна до 28-ми јануари 2019 година, преку испраќање CV и пополнета апликација на obuki@mof.org.mk. 

Контактирајте нè за повеќе информации:

obuki@mof.org.mk  02/3139 692

Лице за контакт: Сања Стефановиќ

Апликација Од идеја до стартап 2019

Повик за учесници „Од идеја до стартап“ 2019_AL

Повик за учесници „Од идеја до стартап“ 2019