ГЕИНГ Кребс унд Кифер Интернешнл и други ДОО (ГЕИНГ) – Оглас за работна позиција: Одговорен инженер за испитувања на градежни материјали

Оглас за работна позиција:  Одговорен инженер за испитувања  на градежни материјали

Минимум потребни квалификации:

  • ВСС/ Градежен факултет, насока Геотехника, Конструктивна, Патишта и железници
  • Работно искуство во вршење на опити и извештаи за испитување на градежни материјали
  • Познавање на компјутерски алатки: MС Office и AutoCad
  • Солидно познавање на англиски јазик
  • Поседување на Б возачка дозвола

Дополнителни квалификации/вештини/познавања

  • Организира, координира, следи и контролира реализација на лабораториски и теренски испитувања.
  • Изработува извештаи од испитувања со потребната документација согласно интегрираниот менаџмент систем, позитивна законска регулатива и важечки стандарди во делокругот на своите работни активности.
  • Проучува и имплементира стандарди за лабораториските испитувања, приготвува упатства, обрасци и друга неопходна документација.
  • Оддржува и врши евиденција на лабораториска опрема и води сметка за калибрација на истата.

Други вештини и карактеристики:

Познавање на технички услови и стандарди кои се однесуваат на квалитетот на градежните материјали и нивното испитување.

Одлични интерпесонални, комуникациски и аналитички способности, организираност и систематичност во работата, познавање на позитивните правни прописи во РМ.

Вашата биографија, мотивационо писмо, со задолжително наведување на работната позиција за кој се пријавувате, телефонски контакт и адреса на електронска пошта, можете да ги доставите:

  • По електронска пошта на e-mail : kariera@geing.com.mk
  • По пошта на адреса: ул. Борис Трајковски бр. 111 Скопје до 31.08.2019

 

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг на избор и кои ги исполнуваат бараните услови, ќе бидат повикани на разговор.