ПРОМЕНА НА УПИС НА ВТОР ЦИКЛУС
Почитувани студенти,
Ве информираме дека Ректоратот на УКИМ донесе Одлука за промена на датумите за пријавување и запишување на втор циклус на студии. Ви ја пренесуваме одлуката и новите датуми во продолжение, со напомена дека наставата на втор циклус ќе започне на 14. октомври.
Одлука за изменување на Конкурсот за запишување студенти на втор циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во учебната 2019/2020 година.
Во делот на роковите за пријавување и запишување во табелата се менуваат термините за двата уписни рока за пријавување, и текстот гласи:
IV. Рокови за пријавување и запишување
прв рок |
втор рок* |
|
Пријавување на кандидатите online на www.upisi.ukim.mk во iKnow системот |
10.09-25.10.2019 |
08.01-02.03 2020 |
Пријавување на кандидатите (во Архивата на факултетот) |
10.09-25.10.2019 |
08.01-02.03 2020 |
Запишување на кандидатите (во студентска служба на ГФ) |
28.10-30.10.2019 |
3 и 5.03 2020 |
На линкот http://ukim.edu.mk/mk_content.php?meni=187&glavno=40 е објавен интегралниот текст на конкурсот.