ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЗАВЕРКА НА ЗИМСКИОТ СЕМЕСТАР И ЗАПИШУВАЊЕ НА ЛЕТЕН СЕМЕСТАР ЗА I ЦИКЛУС И ЗА II ЦИКЛУС НА СТУДИИ ВО 2019/2020

 

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЗАВЕРКА НА ЗИМСКИОТ СЕМЕСТАР И ЗАПИШУВАЊЕ НА ЛЕТЕН СЕМЕСТАР ЗА I ЦИКЛУС НА СТУДИИ ВО 2019/2020

НАПОМЕНА: СЕ ПРИМЕНУВА СИСТЕМОТ НА БРОЈЧЕ!!!!

ЗА СЕКОЈ ИНДЕКС СЕ ПЕЧАТИ ПОСЕБЕНО БРОЈЧЕ!!!!

НА ШАЛТЕРИТЕ ЌЕ СЕ ЈАВИТЕ ПО ПОВИК НА ВАШИОТ БРОЈ!!!

 

ЗАПИШУВАЊЕТО НА ЛЕТНИОТ СЕМЕСТАР ВО IKNOW СИСТЕМОТ Е ЗАДОЛЖИТЕЛНО ПРЕД ДА ГИ ДОНЕСЕТЕ ДОКУМЕНТИ НА ШАЛТЕРИТЕ НА СТУДЕНТСКАТА СЛУЖБА (од 1 до 9.2.2020 г.)
За студентите на прв циклус на студии на Градежниот факултет во Скопје, од сите студиски програми, запишувањето на ЛЕТЕН семестар, во учебната 2019/20 година, на шалтерите на СТУДЕНТСКАТА СЛУЖБА ќе се врши во период од 10.2.2020 до 13.2.2020 од 10,3о до 13,3о часот и тоа по следниот распоред:

–       10. февруари – втор семестар за градежништво и геодезија

–       11. февруари – четврти семестар за градежништво и геодезија

–       12. февруари – шести семестар за градежништво и геодезија

–       13. февруари – геотехничко инженерство

 

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ И УПЛАТИ:

Индекс со потписи од предметните професори (за неземен потпис, предметот се смета за незаверен, и студентот треба да го преслушува во следниот зимски семестар);
► Образец за заверка на семестарот (се пополнува со предметите од зимскиот семестар);
► Образец за запишување на семестарот (се пополнува со предметите од летниот семестар);
Интерен формулар за запишување на семестарот од кој се запишуваат предметите во индексот и во формуларот за запишување на семестар (се презема од www.gf.ukum.edu.mk или од копирницата на Факултетот); линк до интерните формулари (прв циклус)

►испечатен БАР КОД на бел А4 лист од пополнетата анкета за летен семстар; линк до анкетата

► Потврда за уплатена партиципација од 6.200 ден. за семестар за студентите во државна квота ИЛИ според бројот на запишани кредити /1 кредит = 205 ден     или

► Потврда за уплатена партиципација од 12.400 ден. за семестар за студентите запишани со кофинасирање ИЛИ според бројот на запишани кредити /1 кредит = 410 ден., линк до калкулатор на кредити
Уплатена казна од 620 ден. за секој предмет кој се презапишува по втор и повеќе пати, за студентите во државна квота и во квота со кофинансирање;

 

УПЛАТИТЕ СЕ ВРШАТ НА ОБРАЗЕЦ ПП-50
НАЗИВ НА ПРИМАЧОТ: Буџет на РМ – Градежен факултет – Скопје
БАНКА НА ПРИМАЧОТ: НБРСМ
ТРАНСАКЦИСКА СМЕТКА: 100000000063095
СМЕТКА НА БУЏЕТСКИ КОРИСНИК: 1600104219 788 15
ПРИХОДНА ШИФРА: 723012 41 за партиципација
ПРИХОДНА ШИФРА: 723019 41 за останати плаќања

 

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ!!

 

►Студентите кои запишуваат предмет по трет пат во зимскиот семестар, односно не освоиле најмалку 50% од запишаните кредити во летниот семестар 2018/19 до почетокот на летниот семестар 2019/20 преминуваат од државна квота во квота со кофинансирање (партиципација од 12400 ден, односно цена на 1 кредит 410 ден.) според чл. 22 од Правлникот за студирање на прв и втор циклус на студии.

►Студентите кои изработуваат дипломска работа не запишуваат семестар, ако ја имаат одбрането заклучно со 29 февруари 2020 година, но потребно е да донесат образец за заверка на зимскиот семестар 2019/20 год.

►Студентите кои нема да одбранат дипломска до овој датум, треба да го запишат семестарот само со кредитите од дипломската и обрасци за запишување/заверување на семестар.

Наставата почнува на 17.2.2020 година според распоредот на часови истакнат на web страната на ГФ.

Студенти, задолжително користете го Календарот на активности каде што ги имате сите информации во врска термините кои треба да ги почитувате!! линк до Календарот

 

 

 

 

 

 

 

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЗАВЕРКА НА ЗИМСКИОТ СЕМЕСТАР И ЗАПИШУВАЊЕ НА ЛЕТЕН СЕМЕСТАР ЗА II ЦИКЛУС НА СТУДИИ ВО 2019/2020

 

НАПОМЕНА: СЕ ПРИМЕНУВА СИСТЕМОТ НА БРОЈЧЕ!!!!

ЗА СЕКОЈ ИНДЕКС СЕ ПЕЧАТИ ПОСЕБЕНО БРОЈЧЕ!!!!

НА ШАЛТЕРИТЕ ЌЕ СЕ ЈАВИТЕ НА ПОВИК НА ВАШИОТ БРОЈ!!!

ЗАПИШУВАЊЕТО НА ЛЕТНИОТ СЕМЕСТАР ВО IKNOW СИСТЕМОТ Е ЗАДОЛЖИТЕЛНО ПРЕД ДА ГИ ДОНЕСЕТЕ ДОКУМЕНТИ НА ШАЛТЕРИТЕ НА СТУДЕНТСКАТА СЛУЖБА (од 1 до 9.2.2020 г.)

 

За студентите на втор циклус на студии на Градежниот факултет во Скопје од сите студиски програми  запишувањето на ЛЕТЕН семестар во учебната 2019/20 година на шалтерите на СТУДЕНТСКАТА СЛУЖБА ќе се врши во термините:

–  13. февруари – од 11,оо до 13,оо часот

–  14. февруари – од 11,оо до 13,оо часот

 

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ И УПЛАТA

Индекс со потписи од предметните професори (за неземен потпис, предметот се смета за незаверен, и студентот треба да го преслушува во следниот зимски семестар);
► Образец за заверка на семестарот (се пополнува со предметите од зимски семестар);
► Образец за запишување на семестарот (се пополнува со предметите од летен семестар);

Интерен формулар за запишување на семестарот од кој се запишуваат предметите во индексот и во формуларот за запишување на семестар (се презема од www.gf.ukum.edu.mk или од копирницата на Факултетот); линк до интерните формулари (втор циклус)

►Потврда за уплатена партиципација од 30.750 / 24.600 односно по предмет 6150 / 4950 ден.

►За повторно запишан/заменет предмет на II циклус, студентот плаќа износ во висина од 6150/4950 (според студиската програма)

►Студентите кои ги положиле сите испити имаат обврска до магистрирањето да го запишуваат секој семестар со административна уплата од 920 ден.

►Студентите кои ги положиле испитите според Наставната програма за втор циклус на студии пред да поднесат пријава за магистерска работа, од студентската служба задолжително подигнуваат извод за положени испити со уплата од 610 ден.

 

УПЛАТИТЕ СЕ ВРШАТ НА ОБРАЗЕЦ ПП-50
НАЗИВ НА ПРИМАЧОТ: Буџет на РМ – Градежен факултет – Скопје
БАНКА НА ПРИМАЧОТ: НБРМ
ТРАНСАКЦИСКА СМЕТКА: 100000000063095
СМЕТКА НА БУЏЕТСКИ КОРИСНИК: 1600104219 788 15
ПРИХОДНА ШИФРА: 723012 41 за партиципација
ПРИХОДНА ШИФРА: 723019 41 за други уплати

 

Наставата почнува на 17.2.2020 година според распоредот на часови истакнат на web страната на ГФ.

Студенти задолжително користете го Календарот на активности каде што ги имате сите информации во врска термините кои треба да ги почитувате!! линк до Календарот