Соопштение за пријавување, оцена и одбрана на магистерски трудови
Почитувани студенти,
Со оглед на моменталната состојба, а согласно ПРАВИЛНИКОТ за начинот на реализација на дејностите на УКИМ и единиците во неговиот состав согласно со мерките на надлежните органи во РСМ за спречување на внесување и ширење на коронавирусот CoVid-19, Ве известувам дека сите материјали поврзани со пријавување, оцена и одбрана на магистерските трудови:
- Пријави на магистерски трудови
- Предлог ментори на кандидатите
- Предадени магистерски трудови
- Предлог комисии за оценка и одбрана на магистерските трудови
- Извештаи за оценка на трудовите
потребно е да бидат доставени по електронски пат на следната e-mail адреса: prodekan.nauka@gf.ukim.edu.mk
На овој начин материјалите ќе бидат заверени во Архивата на ГФ, доставени до Наставно-научниот колегиум за втор циклус на студии и до ННС.
За секоја дополнителна информација Ви стоиме на располагање.
Деканат на Градежен факултет во Скопје