ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЗАВЕРКА НА ЛЕТНИОТ СЕМЕСТАР 2019/2020 И ЗАПИШУВАЊЕ НА ЗИМСКИОТ СЕМЕСТАР ЗА I ЦИКЛУС НА СТУДИИ ВО 2020/2021

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЗАВЕРКА НА ЛЕТНИОТ СЕМЕСТАР 2019/2020 И ЗАПИШУВАЊЕ НА ЗИМСКИОТ СЕМЕСТАР ЗА I ЦИКЛУС НА СТУДИИ ВО 2020/2021

Покриеност настава за зимски и летен за 1 прв циклус на студии 2010/2021.

НАПОМЕНА: СЕ ПРИМЕНУВА СИСТЕМОТ НА БРОЈЧЕ!!!!

ЗА СЕКОЈ ИНДЕКС СЕ ПЕЧАТИ ПОСЕБЕНО БРОЈЧЕ!!!!

НА ШАЛТЕРИТЕ ЌЕ СЕ ЈАВИТЕ ПО ПОВИК НА ВАШИОТ БРОЈ!!!

ПОЧИТУВАЈТЕ ГИ ПРЕПОРАКИТЕ ЗА ЗАШТИТА ОД КОВИД 19:

ПРИОЃАЈТЕ ЕДЕН ПО ЕДЕН НА ШАЛТЕР, ОДРЖУВАЈТЕ ДИСТАНЦА, КОРИСТЕТЕ ЗАШТИТНА МАСКА И ПЛАСТИЧНИ РАКАВИЦИ

Запишувањето на зимскиот семестар во iknow системот е задолжителен пред да донесете документи на шалтерите на студентската служба од 10 до 29.9.2020 г.

Компјутерскиот центар ви е на располагање да го направите запишувањето на семестар пред да ги донесете документите на шалтер.

За студентите на прв циклус на студии на Градежниот факултет во Скопје, од сите студиски програми, запишувањето на ЗИМСКИ семестар, во учебната 2020/21 година, на шалтерите на СТУДЕНТСКАТА СЛУЖБА ќе се врши во период од 30.9.2020 до 2.10.2020 од 10,30 до 13,30 часот и тоа по следниот распоред:

30. Септември – прв семестар по втор пат за градежништво, геодезија и геотехничко инженерство

1. Октомври – трети семестар за градежништво и геодезија

2. Октомври – петти семестар за градежништво и геодезија

ПОЧИТУВАЈТЕ ГО РАСПОРЕДОТ И РЕДНИОТ БРОЈ ШТО ГО ДОБИВАТЕ ОД СИСТЕМОТ!

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ И УПЛАТИ:

·         Индекс со потписи од предметните професори (за неземен потпис, предметот се смета за незаверен, и студентот треба да го преслушува во следниот летен семестар);

·         Образец за заверка на семестарот (се пополнува со предметите од летниот семестар);

·         Образец за запишување на семестарот (се пополнува со предметите од зимскиот семестар);

·         Интерен формулар за запишување на семестарот од кој се запишуваат предметите во индексот и во формуларот за запишување на семестар (се презема од www.gf.ukum.edu.mk или од копирницата на Факултетот); линк до интерните формулари

·         ВОИ.20 (од скриптара, од копирница или од сл. линк ВОИ.20)

·         Испечатен баркод од студентска анкета за летен семестар 2019/2020

·         ПРИЈАВИ ЗА ИСПИТ ВО ХАРТИЕНА ФОРМА ЗА ПРЕДМЕТИТЕ ПОЛОЖЕНИ ВО II и III СЕСИЈА /јунска-септемвриска/ уредно пополнети

·         ПРИЈАВИ ЗА ИСПИТ ВО ХАРТИЕНА ФОРМА ЗА ПРЕДМЕТИТЕ КОИ ЌЕ СЕ ЗАПИШАТ ВО ЗИМСИОТ СЕМСТАР /пополнети со основните податоци кои важат за наредните 3 сесии/

·         Уплатени 310 ден. за потврда за редовен студент во зимски семестар 2020/2021, АКО НА СТУДЕНТОТ МУ Е ПОТРЕБНА;

·         Уплатени 1850 ден. за материјални трошоци, солидарна одговорност и лабораториски вежби и осигурување линк до ценовник

·         Уплатена партиципација од 6.200 ден. за семестар за студентите во државна квота ИЛИ според бројот на запишани кредити /1 кредит = 205 ден/     или

·         Уплатена партиципација од 12.400 ден. за семестар за студентите запишани со кофинасирање ИЛИ според бројот на запишани кредити /1 кредит = 410 ден./

линк до калкулатор на кредити

·         Уплатена казна од 620 ден. за секој предмет кој се презапишува по втор и повеќе пати, за студентите во државна квота и во квота со кофинансирање;

УПЛАТИТЕ СЕ ВРШАТ НА ОБРАЗЕЦ ПП-50
НАЗИВ НА ПРИМАЧОТ: Буџет на РСМ – Градежен факултет – Скопје
БАНКА НА ПРИМАЧОТ: НБРСМ
ТРАНСАКЦИСКА СМЕТКА: 1000000000 630 95
СМЕТКА НА БУЏЕТСКИ КОРИСНИК: 1600104219 788 15
ПРИХОДНА ШИФРА: 723012 41 за партиципација
ПРИХОДНА ШИФРА: 723019 41 за останатите плаќања

·         Уплатени 750 ден. за ИКСА на УКИМ за 2020/2021 на жиро сметката на УКИМ, трансакциска сметка 1000000000 630 95, сметка на буџетски корисник 1600103689 788 18, приходна шифра 723012 програма 41.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ!!

·         Студентите кои запишуваат предмет по трет пат, преминуваат од државна квота во квота со кофинансирање (партиципација 12400 ден, односно цена на 1 кредит 410 д.)

·         Студентите кои изработуваат дипломска работа не запишуваат семестар, ако ја имаат одбрането заклучно со 30 септември 2020 година, но потребно е да донесат образец за заверка на летниот семестар 2019/20 година.

·         Студентите кои нема да одбранат дипломска до овој датум, треба да го запишат семестарот само со кредитите од дипломската и обрасци за запишување/заверување на семестар.

·         Наставата почнува на 5.10.2020 година според распоредот на часови истакнат на web страната на гф.

·         Студенти задолжително користете го Календарот на активности каде што ги имате сите информации во врска термините кои треба да ги почитувате!! линк до Календарот

·         Правилник за прв и втор циклус на студии. Линк

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЗАВЕРКА НА ЛЕТНИОТ СЕМЕСТАР 2019/2020 И ЗАПИШУВАЊЕ НА ЗИМСКИОТ СЕМЕСТАР ЗА II ЦИКЛУС НА СТУДИИ ВО 2020/2021

Покриеност на настава на ГФ за втор циклус 2020/2021. 

НАПОМЕНА: СЕ ПРИМЕНУВА СИСТЕМОТ НА БРОЈЧЕ!!!!

ЗА СЕКОЈ ИНДЕКС СЕ ПЕЧАТИ ПОСЕБЕНО БРОЈЧЕ!!!!

НА ШАЛТЕРИТЕ ЌЕ СЕ ЈАВИТЕ ПО ПОВИК НА ВАШИОТ БРОЈ!!!

ПРИОЃАЈТЕ ЕДЕН ПО ЕДЕН НА ШАЛТЕР, ОДРЖУВАЈТЕ ДИСТАНЦА, КОРИСТЕТЕ ЗАШТИТНА МАСКА И ПЛАСТИЧНИ РАКАВИЦИ

Запишувањето на зимскиот семестар во iknow системот е задолжителен пред да донесете документи на шалтерите на студентската служба од 10 до 27.9.2020 г.

За студентите на втор циклус на студии на Градежниот факултет во Скопје од сите студиски програми  запишувањето на ЗИМСКИ семестар во учебната 2020/21 година на шалтерите на СТУДЕНТСКАТА СЛУЖБА ќе се врши на 28 и 29.9.2020 год. од 11,00 до 13,00 часот.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ И УПЛАТA:

·         Индекс со потписи од предметните професори (за неземен потпис, предметот се смета за незаверен, и студентот треба да го преслушува во следниот летен семестар);

·         Образец за заверка на семестарот (се пополнува со предметите од летен семестар);

·         Образец за запишување на семестарот (се пополнува со предметите од зимскиот семестар);

·         Интерен формулар за запишување на семестарот од кој се запишуваат предметите во индексот и во формуларот за запишување на семестар (се презема од www.gf.ukum.edu.mk или од копирницата на Факултетот); линк до интерните формулари

·         ПРИЈАВИ ЗА ИСПИТ ВО ХАРТИЕНА ФОРМА ЗА ПРЕДМЕТИТЕ ПОЛОЖЕНИ ВО II и III СЕСИЈА /јунска-септемвриска/ уредно пополнети

·         ПРИЈАВИ ЗА ИСПИТ ВО ХАРТИЕНА ФОРМА ЗА ПРЕДМЕТИТЕ КОИ ЌЕ СЕ ЗАПИШАТ ВО ЗИМСИОТ СЕМСТАР /пополнети со основните податоци кои важат за наредните 3 сесии/

·         За повторно запишан/заменет предмет на II циклус, студентот плаќа износ во висина од 4950 ден.

·         Студентите кои ги положиле сите испити имаат обврска до магистрирањето да го запишуваат секој семестар со административна уплата од 920 ден.

·         Студентите кои ги положиле испитите според Наставната програма за втор циклус на студии пред да поднесат пријава за магистерска работа, од студентската служба задолжително подигнуваат извод за положени испити со уплата од 610 ден.

УПЛАТИТЕ СЕ ВРШАТ НА ОБРАЗЕЦ ПП-50
НАЗИВ НА ПРИМАЧОТ: Буџет на РМ – Градежен факултет – Скопје
БАНКА НА ПРИМАЧОТ: НБРМ
ТРАНСАКЦИСКА СМЕТКА: 100000000063095
СМЕТКА НА БУЏЕТСКИ КОРИСНИК: 1600104219 788 15
ПРИХОДНА ШИФРА: 723012 41 за партиципација
ПРИХОДНА ШИФРА: 723019 41 за други уплати
 
  • Наставата почнува на 5.10.2020 година според распоредот на часови истакнат на web страната на Градежен факултет.
  • Студенти задолжително користете го Календарот на активности каде што ги имате сите информации во врска термините кои треба да ги почитувате!! линк до Календарот