Студенти од Градежниот факултет во Скопје – победници на 25-ти ICAMES во Истанбул  

Во периодот 12-14.7. се одржа 25-иот ICAMES – Меѓународен културен и академски собир на студенти по инженерство. Настанот го организира Инженерското друштво при престижниот универзитет Богазичи (Босфор) од Истанбул, селектирајќи 10 проекти пријавени од студенти од технички факултети ширум светот. Поради минатогодишното откажување на настанот предизвикано од пандемијата, оваа година во конкуренција беа многу поголем број на апликации, а еден од трите проекти од областа на градежништвото што го помина „филтерот“ беше оној на студентите од нашиот Градежен факултет. Во него се претставени потенцијални геотехнички мерки за стабилизација на загрозениот аквадукт во Скопје, што во рамки на дипломска работа беше анализирано од страна на Радица Јованова и дооформувано од Јованка Кузмановска, Јана Гугулоска и Михаил Петров, под менторство на вонр. проф. д-р Јован Бр. Папиќ и во соработка со м-р Атанас Страшески. Имајќи ги предвид сложеноста на условите, комплексноста на нумеричките моделирања и значењето на мерките за опстојувањето на културно-историскиот објект – дел од кои наскоро ќе започнат да се реализираат во одредена форма, Комисијата за оценка на проектите одлучи токму него да го прогласи за најуспешен и да му биде доделена Прва награда на јубилејниот ICAMES.

Akvadukt - ROBOT_total

Akvadukt - sectionsAkvadukt - PLAXIS

Akvadukt - ROBOT