ALLPLAN 2021

Во период од 15-17 јули во просториите на Градежниот факултет во Белград се одржа регионален натпревар ALLPLAN Student Competition 2021.

Студентите Дарко Сребревски, Габриела Димовска и Енес Алити беа во тимот The Beavers кои го претставуваа нашиот факултет.

На регионалното натпреварување во Белград учество земаа 14 тимови од 5 држави во регионот.

Тимот од Градежниот факултет во Скопје покажа задоволително познавање во примената на BIM технологијата, како современ концепт при проектирање и изработка на проектна документација при различни фази и сегменти во документацијата, но и како практична динамичка интеракција на проектната документација со изведбата.

Цел на ова натпреварување е наметнување на новите пакети (прогами) за проектирање, односно исфрлање на 2D и целосно проектирање во 3D. 3D моделите овозможуваат полесна визуелизација на објектот, поточно исцртување и овозможуваат работа на повеќе инженери на еден ист објект истовремено со тековни промени во моделот. Покрај моделирањето, истите 3D модели можат да се вметнат во други софтверски пакети како PlanRadar, кој се користи за означување на неправилностите на терен при изведба. Како заклучок може да се каже дека со ова натпреварување студентите ги надградија нивните вештини во програмот Allplan, добија едно ново искуство покрај алатките во програмот, се запознаа со инженери и идни инженери низ целиот Балкан и имаа можност да споделат искуства кои досега ги стекнале.

Организатор на ова натпреварување беше Baldini Studio International, како дел од промоцијана дигитализацијата во градежната индустрија.

1 3254