Соопштение

Почитувани студенти,

На 6.10.2022 (четврток) се навршуваат 73 години од формирањето на Градежниот факултет Скопје. Поради одбележувањето на овој јубилеј Ве информираме дека на овој ден нема да се реализираат предвидените наставни активности.
Воедно, Ве известуваме дека во согласност со Законот за празниците на РМ, 11 октомври (вторник), Денот на народното востание е неработен ден.
Од организациски причини, а во согласност со Календарот на активности и неработни денови за учебната 2022/2023 година на Факултетот, на

10 октомври (понеделник) нема да има настава. Часовите од понеделник ќе се одработат на 15.10.2022 (сабота) според предвидениот распоред.

Деканат на
Градежен факултет