ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЗАВЕРКА НА ЛЕТНИОТ СЕМЕСТАР И ЗАПИШУВАЊЕ НА ЗИМСКИ СЕМЕСТАР ЗА ВТОР ЦИКЛУС НА СТУДИИ ВО 2023/2024 ГОДИНА
ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЗАВЕРКА НА ЛЕТНИОТ СЕМЕСТАР И ЗАПИШУВАЊЕ НА ЗИМСКИ СЕМЕСТАР ЗА ВТОР ЦИКЛУС НА СТУДИИ ВО 2023/2024 ГОДИНА
Запишувањето на зимскиот семестар во iknow системот е задолжително пред да ги донесете документи на шалтерите на студентскиот оддел во период 15-25.септември 2023.
За студентите на втор циклус на студии на Градежниот факултет во Скопје, од сите студиски програми, запишувањето на зимски семестар, во учебната 2023/2024 година, на шалтерите на студентскиот оддел ќе се врши во на 2. и 3.октомври од 10,00 до 13,00 часот
Напомена: документите можете да ги оставите во соодветната кутија според студиската програма или да почекате на шалтер да биде повикан вашиот број (еден студент, еден индекс, еден број)
Потребни документи и уплати:
- Индекс;
- Образец за запишување на семестарот (се пополнува со предметите од зимски семестар);
- Образец за заверка на семестарот (се пополнува со предметите од летен семестар);
- Интерен формулар за запишување на семестарот од кој се запишуваат предметите во индексот и во формуларот за запишување на семестар
- Пријави за испити во хартиена форма за сите предмети кои ги запишувате во зимски семстар (пополнети со основните податоци кои важат за наредните 3 сесии);
- Уплатена партиципација од 24.600 ден. за семестар
- За повторно запишан/заменет предмет на II циклус, студентот плаќа износ во висина од 4950 ден.
- Студентите кои ги положиле сите испити имаат обврска до магистрирањето да го запишуваат секој семестар со административна уплата од 1220 ден.
- Студентите чии студиски програми гаснат, се обраќаат со молбено барање до продекан за настава за трансфер на соодветни студии и еквиваленција со уплата од 1220 ден.
- Студентите кои ги положиле испитите според Наставната програма за втор циклус на студии пред да поднесат пријава за магистерска работа, од студентската служба задолжително подигнуваат извод за положени испити со уплата од 610 ден.
Наставата почнува на 2.10.2023 година според распоредот на часови истакнат на web страната на Градежен факултет.
УПЛАТИТЕ СЕ ВРШАТ НА ОБРАЗЕЦ ПП-50
НАЗИВ НА ПРИМАЧОТ: Буџет на РСМ – Градежен факултет – Скопје
БАНКА НА ПРИМАЧОТ: НБРСМ
ТРАНСАКЦИСКА СМЕТКА: 100000000063095
СМЕТКА НА БУЏЕТСКИ КОРИСНИК: 1600104219 788 15
ПРИХОДНА ШИФРА: 723012 41 за партиципација
ПРИХОДНА ШИФРА: 723019 41 за други уплати
Корисни линкови:
Распоред на часови за втор циклус, летен семестар 2023/2024;
Календарот на активности и неработни денови во 2023/2024 година;
Покриеност настава за зимски и летен за втор циклус на студии 2023/2024;
Одлука за гаснење на студиски програми;
Правилник за студирање на прв и втор циклус на студии;