Проф. д-р Љупчо Димитриевски e член на Катедрата за геотехника. Дипломирал на Градежен факултет-Скопје при УКИМ во 1981 година, магистрирал во 1988 година на Градежен факултет во Загреб, Хрватска а докторирал во 1997 година на Градежен факултет-Скопје при УКИМ. На прв циклус ги предава следните предмети: „ Механика на почви“ на СП Градежништво, „Механика на почви I“, „Механика на почви II“, „Земјани работи и конструкции“, „Геoсинтетици“ и „Геотехничка пракса“на СП Геотехника. На втор циклус ги предава следните предмети: „Свлечишта и стабилност на косини“, „Динамика на почви“ и „Теориска механика на почви“ на СП Геотехника.