Вонр. проф. д-р Силвана Петрушева e член на Катедрата за математика. Дипломирала на Природно-математички факултет при УКИМ во 1985 година, магистрирала во 1994 година Природно-математички факултет-Белград, Србија а докторирала во 2008 година на Природно-математички факултет при УКИМ. На прв циклус ги предава следните предмети: „Математика 1“, „Математика 2“ и „ Математика 3“ на СП Градежништво и СП Геотехника, „Математика“, „Сферна тригонометрија “ на СП Геодезија, „Веројатност и статистика“ на СП Градежништво, СП Геотехника и СП Геодезија, како и „Компјутерска графика“ на Природно-математички факултет при УКИМ . На втор циклус ги предава следните предмети: „Математика 2“ на СП Градежништво и СП Геотехника, „Одбрани поглавја од математика“ на СП Геодезија, како и „Веројатност и статистика“ на СП Градежништво, СП Геотехника и СП Геодезија. На третиот циклус ги предава предметите „Одбрани поглавја од математика“ и „Одбрани поглавја од информатика“ на СП Градежништво.