м-р Петровски Филип
М-р Филип Петровски е член на Катедрата за виша геодезија. Дипломирал на Градежен факултет-Скопје при УКИМ во 2015 година, каде исто така магистрирал во 2020 година. Моментално е студент на трет циклус на студии – докторанд на истиот факултет.
На прв циклус од студиската програма по Геодезија ги држи вежбите по следните предмети: “Основи на геодезија”, “Геодезија 1”, “Геодезија 2”, “Геодетска мерна технологија”, “Теорија на грешки”, “Геодетски израмнувања” и “Геодетска пракса 1”.
На прв циклус од студиската програма по Градежништво и Геотехника ги држи вежбите по предметот “Геодезија”.