Вон. проф. д-р Дарко Наков e член на Катедрата за бетонски и дрвени конструкции. Дипломирал на Градежен факултет-Скопје при УКИМ во 2005 година, магистрирал на магистерските студии „Пресметковно инженерство“ на Рур-Универзитет Бохум, Германија во 2008 година а докторирал на Градежен факултет-Скопје при УКИМ во 2014 година во рамки на школата за докторски студии SEEFORM. На прв циклус ги предава следните предмети: „Градежни конструкции“ на СП Градежништво, „Основи на Градежни конструкции“ на СП Геодезија и „Армиран бетон и конструкции“ на СП Геотехника. На втор циклус ги предава следните предмети: „Современ пристап за пресметување на бетонски конструкции“ и „Градежна регулатива“ на СП Градежништво-конструктивна насока и „Бетонски мостови“ на СП Градежништво-транспортна инфраструктура.